Достапни линкови

Богов: Мирен амбиент најдобар за економските политики


Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов.

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов.

Мирен амбиент по изборите е најдобар за спроведување на економските политики и раст, смета гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, кој уверува дека Народната банка ќе ја задржи ценовната стабилност.

„Не би ги коментирал политичките случувања по изборите. Сепак, НБРМ е тука да си ја изврши својата цел, а тоа е ценовната стабилност да биде задржана, како и стабилноста на банкарскиот систем. Во секој случај, мирен амбиент би бил најдобар за спроведување на економските политики. НБРМ е тука во секакви услови да ја одржи стабилноста на нашата економија и тоа ќе го правиме“, изјави Богов одговарајќи на новинарски прашања на Третата меѓународна истражувачка конференција на тема „на патот кон заздравување и одржлив раст во променето глобално окружување“.

Тој посочи дека за две недели Централната банка ќе излезе со најнови проекции за економскиот раст и инфлацијата, но додаде дека првичните сигнали се дека растот на БДП ќе биде некаде околу претходната проекција која беше 3,7 проценти.
XS
SM
MD
LG