Достапни линкови

ЕУ не коментира и не честита пред извештајот за изборите од ОБСЕ


Европската комисија ќе ја почека оценката на набљудувачите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР пред да ги коментира вчера одржаните предвремени парламентарни и претседателски избори во Македонија.

„Ние ја следиме одблиску ситуацијата и целосно сме запознати со изјавата на лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Заев, кој изрази длабоко разочарување од изборниот процес и неговата одлука да не ги признае изборите. Оваа ситуација е многу несреќна за земјата и сите политички лидери мора да да бидат целосно свесни за одговорноста. Пред да кажеме нешто повеќе и да извлечеме сопствени заклучоци, ќе ја почекаме прелиминарна оценка на ОБСЕ/ОДИХР“ изјави портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Петер Стано.

Запрашан дали претседателот на Еврокомисијата, Жозе Мануел Барозо, ќе упати честитки до победниците, Петер Стано одговори дека најпрвин ќе се почека оценката на ОДИХР.
XS
SM
MD
LG