Достапни линкови

СДСМ не ги призна изборите, но вистинска политичка криза ќе има само ако не ги прифатат добиените мандати, велат аналитичарите.

Непризнавањето на изборите од главната опозициска партија, значи враќање на Македонија на периодот во 1994, кога тогашната опозиција одби да учествува во институциите на системот и ќе значи политичка криза од тоа ниво, коментира професор Здравко Савевски.
Мора да има логично следство, тие да одбијат да ги вратат мандатите во парламентот, бидејќи ако не го направат тоа, тогаш не делува логично нивното непризнавање на резултатите од изборите.


Иако лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера кажа дека раководството ќе одлучи кои ќе бидат нивните следни чекори, експертите денеска нагласуваат дека непризнавањето треба да биде образложено како ќе се развива понатаму и оти важно е дали СДСМ ќе одлучи да биде парламентарна или вонпарламентарна демократија.

„Мора да има логично следство, тие да одбијат да ги вратат мандатите во парламентот, бидејќи ако не го направат тоа, тогаш не делува логично нивното непризнавање на резултатите од изборите“, вели Савески.
Ќе има парламентарна криза и таа парламентарна криза ќе мора да се решава на начин на кој ќе се организираат идни парламентарни избори и тоа скорешни, после таа криза.


Аналитичарот Алајдин Демири смета дека СДСМ мора да приложи и аргументи зошто не ги признава изборите и да покажат дека тоа непризнавање не е од причина што изгубиле. Според него непризнавањето на изборите од главната опозициска партија е сериозен проблем и тоа ги става во сенка изборите и нивната коректност.

„Ќе има парламентарна криза и таа парламентарна криза ќе мора да се решава на начин на кој ќе се организираат идни парламентарни избори и тоа скорешни, после таа криза“, вели Демири.

Меѓутоа професор Никола Дујовски вели дека ако СДСМ не каже кои се плановите за понатаму, тогаш непризнавањето на изборите нема некоја посебна тежина. Според него нема да има ниту промена на правецот во кој ќе оди Македонија на внатрешен и надворешен план со апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Очекувам и понатаму ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да продолжат да ја креираат и внатрешната и надворешната политика на државата, значи дека не очекувам никакви промени, освен тоа дека ќе бидат посилни.


„Очекувам и понатаму ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да продолжат да ја креираат и внатрешната и надворешната политика на државата, значи дека не очекувам никакви промени, освен тоа дека ќе бидат посилни, факт е дека после овие избори се за неколку пратенички места посилни и едните и другите“, вели Дујоски.

За Здравко Савевски апсолутната власт на една партија е прашање дали ќе биде добро од аспект на демократијата во една земја. Според него во следниот период нема да има промена на ситуацијата, а излезот е во тоа дека мора да помине еден период на кристализирање на расположението на граѓаните во однос на тоа дали е легитимна позицијата на СДСМ или на ВМРО- ДПМНЕ.

„Тогаш по таа ферментација ќе дојде или до повлекување од непопустливите апсолутистички позиции на ВМРО-ДПМНЕ или ќе дојде до сериозно народно незадоволство“, вели Савески.

Демири смета дека во наредниот период и ВМРО-ДМНЕ и ДУИ цврсто ќе стојат на позициите дека ги добиле изборите и дека во наредниот период се ќе зависи од чекорите кои ќе ги преземе најголемата опозициска партија. Од СДСМ претходно најавија дека сите опции се отворени и не исклучија и нивно излегување на улица.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG