Достапни линкови

logo-print

Обама: Денеска ќе бидат објавени нови санкции против Русија


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека денеска ќе бидат објавени нови санкции против Русија поради неспроведувањето на меѓународниот договор за смирување на кризата во Украина. Обама, кој е во посета на Филипини, додаде дека цел на санкциите ќе бидат поединци и компании, како и некои делови од рускиот извоз. Москва има начин за да придонесе за мирољубиво решение на кризата во Украина, но досега не превзеде чекори во тој правец, изјави Обама. Денеска и Европската Унија ќе го разгледува новиот пакет санкции против Русија.
XS
SM
MD
LG