Достапни линкови

Словачка ќе и помогне на Украина во снабдувањето со гас


Словачка се согласила, од своите резерви да и достави гас на Украина, која се соочува со прекин на снабдувањето од Русија поради големиот долг. Словачката и Украинската компанија за гас денеска во Братислава ќе потпишат меморандум, а на церемонијата е најавено присуството на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Украина веќе потпиша слични договори со Унгарија и со Полска.
XS
SM
MD
LG