Достапни линкови

САД ќе воведат нови санкции за Русија


Нови санкции врз руски државјани поради ситуацијата во Украина, најавуваат САД. Американскиот заменик советник за национална безбедност и стратешки комуникации Бен Роудс им соопштил на новинарите кои патуваат во Азија со американскиот претседател Барак Обама дека санкциите најверојатно ќе бидат денеска спроведени. Според него, американските дипломати ќе се сретнат денеска за да разговараат за новите санкции.
Неименувани извори од ЕУ соопштија дека дипломатите на нивната средба која ќе се одржи во Брисел ќе одлучуваат за санкции како замрзнување на имот или забрана за патување.
XS
SM
MD
LG