Достапни линкови

Расте бројката на жртви од вирусот МЕРС


Бројката на смртни случаи од фаталниот вирус на Блискиот исток продолжува да се искачува. Министерството за здравство на Саудиска Арабија соопшти дека уште две лица починале од респираторен синдром или МЕРС, со што бројката на жртви сега изнесува 94. Според нив, бројката на случаи дијагностицирани откако вирусот за прв пат се појави во септември 2012 година изнесува 323 лица.
Вирусот МЕРС е поврзан со САРС и симптомите вклучуваат висока температура, проблеми со дишењето, воспаление на белите дробови и откажување на бубрезите.
XS
SM
MD
LG