Достапни линкови

Временска прогноза-променливо облачно


Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Особено поголема нестабилност би требало да има во северните делови на земјава каде ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 13 до 22 степени.
Во Скопје попладне ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, со грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
XS
SM
MD
LG