Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ прогласи двојна победа, СДСМ не ги признава резултатите


Имавме ефективни избори, без посериозни инциденти и проблеми, можеме да бидеме горди на тоа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. СДСМ не го признава изборниот процес, без разлика на резултатите, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Македонија имаше успешни избори, мирен и демократски изборен ден, најголем победник е Македонија. Имавме ефективни избори, без посериозни инциденти и проблеми, можеме да бидеме горди на тоа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Се надевам дека ќе преспијат, ќе ја видат разликата и ќе постапуваат во правец на интересите на граѓаните, а не во лични интереси.


Жалам што поради личен интерес, потценувајќи ја волјата на народот, претседателот и раководството на СДСМ одлучија да работат на директна штета на Македонија, во корист на оние кои не и сакаат добро, рече Груевски.

„Се надевам дека ќе преспијат, ќе ја видат разликата и ќе постапуваат во правец на интересите на граѓаните, а не во лични интереси“, рече тој.
Сите што гласавте за мене, гласавте за себе, за своите семејства, за иднината на Македонија.

Груевски посочи дека на овие избори ВМРО–ДПМНЕ доби двојна победа. Ѓорге Иванов доби поддршка за втор мандат и го подржаа над 500 илјади граѓани, рече Груевски и додаде дека Иванов победи со разлика од над 130 илјади гласови. Според него, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од над 90 проценти преброени гласови, доби доверба од над 450 илјади гласачи, што е за 180 илјади гласови повеќе од СДСМ.

Според податоците досега се чини дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има 61 или 62 пратеници, наспроти 34 или 35 пратеници на СДСМ. Ова е огромна, силна, моќна победа, ова е недвосмислена доверба, ова е јасна изразена волја на граѓаните на Македонија, рече Груевски. Тој додаде дека на овие избори победи концептот на неуморно работење, држење до дадениот збор, одговорен пристап кон работата и ветувањата, искрен пристап кон народот, концепт на реализација на ветеното, на конкретни, а не на општи ветувања и грижа за сите граѓани.
Бараме и мора да се организираат избори на коишто народот ќе ја врати контролата во свои раце и ќе избере власт по сопствена воља и убедување, без притисоци, без уцени.

На овие избори победи демократијата, победија граѓаните, победи Македонија, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Ѓорге Иванов. Имавме мирни, фер и демократски избори, како што ѝ прилегаат на европска Македонија, рече Иванов. Тој му честита на противкандидатот Стево Пендаровски за добиените гласови и му посака сè најдобро во животот, а им честита и на идните пратеници.

„Сите што гласавте за мене, гласавте за себе, за своите семејства, за иднината на Македонија, рече Иванов.

Тој изјави дека на Македонија и е потребна конструктивна опозиција, за да ги постигнува целите на граѓаните. Од утре нема победници и поразени, има работа и само работа, рече тој.
Од приговорите ќе можеме да имаме права слика и можност да видиме како се одвивале изборите и да дадеме оценка.

„СДСМ не го признава изборниот процес, без разлика на резултатите“, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција во 19 часот. Тој рече дека граѓаните во Македонија се измамени, а изборниот процес е спроведен нецивилизирано и им е узурпирано уставното право на граѓаните.

Заев побара итно да се формирање на техничка влада која ќе овозможи спроведување на нормални и фер претседателски и парламентарни избори.

„Бараме и мора да се организираат избори на коишто народот ќе ја врати контролата во свои раце и ќе избере власт по сопствена воља и убедување, без притисоци, без уцени, без купување на гласачи.Без фер избори нема демократија. Без демократија нема просперитетна Македонија.
Нема запирање. Нашата борба продолжува!“, рече Заев.

Од утре органите и телата на СДСМ и на сите опозициски партии ќе донесат одлуки за нашите следни чекори. Сите варијанти се отворени, истакна лидерот на СДСМ.

ДИК - Успешно спроведен двојниот изборен процес

Според досега процесираните податоци на Државната изборна Комисија, кандидатот на ВМРО –ДПМНЕ за претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов води пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Од процесирани 93, 54 проценти од избирачките места или 3.285 од 3.512 места, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија, Ѓорге Иванов освоил 489.181 или 55,69 проценти, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски 356.816 или 40,62 отсто.
Државна изборна комисија.

Државна изборна комисија.


На предвремените парламентарни избори од процесирани 93, 37 отсто од избирачките места или од 3.281 од вкупно 3.514 места, за ВМРО-ДПМНЕ гласале 4383.444 или 43,14 отсто, за СДСМ гласале 253.272 или 24, 92 отсто, за ДУИ гласале 141.147 или 13, 89 проценти, за ДПА гласале 60.524 или 5, 95 проценти, ГРОМ 28.741 или 2,83 проценти, НДП 15.546 или 1,53%, итн.

ДИК го спроведе успешно овој двоен изборен процес од организационен и технички аспект, рече претседателот на Комисијата, Никола Рилкоски. Тој рече дека ДИК нема да дава официјална оценка и проценка за тоа како поминале изборите, бидејќи ќе чекаат партиите да го искористат правото на вложување приговори.

„Од приговорите ќе можеме да имаме права слика и можност да видиме како се одвивале изборите и да дадеме оценка“, рече Рилкоски. Запрашан за коментар за одлукат ана СДСМ за не ги признава резултатите, тој рече дека за одлуката на СДСМ нема потреба од коментар.

Следната прес-конференција на ДИК се предвидува за утре напладне.

Партиски реакции

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва изјави дека партијата на предвремените парламентарни избори освоила 150 илјади гласови наспроти 50.000 на ДПА, што, според него, е историска победа.
ДУИ и ние како идни членови на владата може да ги подобриме политиките. Ќе ја смениме ситуацијата во земјата и во однос на економијата и на влезот во ЕУ и во НАТО.


„Нашите проценки се дека ќе освоиме 19 или 20 пратенички мандати. Тоа е важно за иднината на земјата. ДУИ и ние како идни членови на владата може да ги подобриме политиките. Ќе ја смениме ситуацијата во земјата и во однос на економијата и на влезот во ЕУ и во НАТО“, рече Ахмети.

Според него, ЕУ и НАТО се единствена алтернатива и нема подобра иднина за Македонија. Зачленувањето во овие институции ќе значи подобри меѓуетнички односи и економски просперитет и развој, додаде Ахмети.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вечерва изјави дека очекува осум пратенички мандати од денешните предвремени парламентарни избори и оти е подготвен да преговара за влез во идната влада.

Тачи истакна дека не ги признава резултатите од изборите на ДУИ.

Според Тачи, во некои гласачки места има нереални резултати како Зајас-Осломеј каде за ДУИ гласале 10.000 наспроти нула гласови за ДПА или Вејце 391:71, Шипковица 800 за ДУИ наспроти 200 за ДПА или Љуботен 1.000 за ДУИ и 113 за ДПА.

Претседателот на Граѓанска опција за Македонија и лидер на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски вечерва на прес-конференција ги оцени како фер, демократски и достоинствени денешните предвремени парламентарни избори.

Тој информира дека ГРОМ, според досега обработените помалку од 30 проценти од гласовите, се бори за пратеник во изборните единици 1, 2 и 4.

„Во овие изборни единици, не само што е задржан бројот на гласови од првиот круг на претседателските избори, туку некаде е и драстично зголемен. Според тоа, за околу два часа ќе знаеме дали по овие избори ГРОМ ќе има три пратеника во новиот парламентарен состав на Република Македонија“, посочи Јакимовски.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG