Достапни линкови

Иванов - Победи демократијата


На овие избори победи демократијата, победија граѓаните, победи Македонија, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Ѓорге Иванов. Имавме мирни, фер и демократски избори, како што ѝ прилегаат на европска Македонија, рече Иванов. Тој му честита на противкандидатот Стево Пендаровски за добиените гласови и му посака сè најдобро во животот, а им честита и на идните пратеници. Сите што гласавте за мене, гласавте за себе, за своите семејства, за иднината на Македонија, рече Иванов. Тој изјави дека на Македонија и е потребна конструктивна опозиција, за да ги постигнува целите на граѓаните. Од утре нема победници и поразени, има работа и само работа, рече тој.
XS
SM
MD
LG