Достапни линкови

logo-print

ДИК - На парламентарните избори води ВМРО-ДПМНЕ


На предвремените парламентарни избори, според Државната изборна комисија, од обработените податоци од 2.091 избирачки места во Македонија, односно 59,50 отсто од вкупниот број, во водство е „Коалицијата за подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 228.950 гласа или 42,47 проценти од гласовите.

СДСМ и коалицијата освоиле 124.811 гласови или 23,15 проценти, ДУИ 85.972 или 15,95 проценти од пребројаните гласови и ДПА 37.710 гласови односно 7,00 проценти.

Податоците од овие избирачки места покажуваат дека ГРОМ освоил 14.465 гласови или 2,68 проценти, НДП 7.578 или 1,41 отсто, ВМРО-НП 7.489 или 1,39 проценти, Достоинство 4.436 гласови или 0,82 проценти, Коалицијата за позитивна Македонија 4.622 или 0,86 проценти од гласовите, СДПМ 2.124 гласови или 0,39 проценти, ПЕИ 1.539 односно 0,29 проценти, НДМ 950 или 0,18 отсто од гласовите, ПЕП 21 - 579 гласови или 0,11 проценти, и ПДП 205 или 0,04 проценти од пребројаните гласови на овие избирачки места.
XS
SM
MD
LG