Достапни линкови

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ


Според резулатите кои досега ги обработила Државната изборна комисија ВМРО-ДПМНЕ има 81.971 гласови, односно 41,27, а СДСМ- 41.451 или 20,87%. Досега се процесирани 1. 046 избирачки места од вкупно 3.514 места, или 29, 77 проценти.

ДУИ освоила 11.413, ДПА - 16.891, НДП – 2.847, ГРОМ- 5.026, Коалиција за позитивна Македонија 1.471, ВМРО-НП – 2.020. Ова се првични резултати на ДИК објавени на нивната веб страница.

За претседателските избори од процесирани 33, 94 проценти од гласачките места, односно од 1.192 од вкупно 3.512, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов освоил 111.691 гласови или 57,99%, а кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски 74.139 или| 38,49 проценти.
XS
SM
MD
LG