Достапни линкови

logo-print

Политичарите очекуваат демократски избори


Гласање на претседателски и предвремените парламентарни избори 2014.

Гласање на претседателски и предвремените парламентарни избори 2014.

Политичарите очекуваат изборите да поминат во мирна и демократска атмосфера, како што и доликува на една европска земја.

Очекувам овој изборен ден исто како и на првиот круг од претседателските избори да помине во демократска, фер и мирна атмосфера, каква што и доликува на една европска земја, на европска Македонија, изјави Ѓорге Иванов, кандидат за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“.
По изборите очекувам сите кои ќе ја добијат довербата на граѓаните да ги остварат сите ветувања што ги имаа во кампањата.


„По изборите очекувам сите кои ќе ја добијат довербата на граѓаните да ги остварат сите ветувања што ги имаа во кампањата, за да имаме успех и просперитет на цела Македонија и на сите нејзини граѓани“, рече Иванов по гласањето.
Ѓорѓе Иванов.

Ѓорѓе Иванов.

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски изрази надеж дека изборниот ден ќе помине во мирна атмосфера.

„Во изминативе денови и недели бевме сведоци дека немаше ниту еден ден од предизборниот период во кој немаше кршење на изборните регулативи. Искрено се надевам дека барем изборниот ден ќе помине во мирна атмосфера и така како што и доликува на една држава која треба да биде и европска и демократска, изјави Пендаровски по гласањето.
Искрено се надевам дека барем изборниот ден ќе помине во мирна атмосфера и така како што и доликува на една држава која треба да биде и европска и демократска.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по гласањето изјави:

„Имаме мирни избори и се надевам дека така ќе остане до крајот на изборниот ден и дека ќе победи Македонија пред се“, изјави Груевски. Стево Пендаровски.

Стево Пендаровски.



Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски им посака на луѓето кои ќе бидат избрани на денешните избори да продолжат со темпо со кое Република Македонија ќе се интегрира во меѓународните организации, во НАТО и ЕУ и ќе работат на економскиот просперитет на Македонија и на граѓаните.
Имаме мирни избори и се надевам дека така ќе остане до крајот на изборниот ден и дека ќе победи Македонија пред се.


Лидерот на СДСМ Зоран Заев гласаше во изборното место во основното училиште „Никола Вапцаров“ во Струмица.

„Посакувам многу успех на нашата земја. Лична среќа, бериќет на сите граѓани. Среќни семејства, среќна земја. Посакувам наредниот период, да биде период каде што нашата земја ќе има забрзан економски развој. Добар раст. Граѓани, кои ќе бидат вработени и кои секако ќе го живеат животот многу посреќно од денес, изјави Заев. Никола Груевски.

Никола Груевски.



Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска гласаше на избирачко место во општина Зајас.
Посакувам наредниот период, да биде период каде што нашата земја ќе има забрзан економски развој.

„ Јас очекувам овие избори да бидат добар патоказ за евроатлантската иднина на земјата и, секако, подобрување на меѓуетничката состојба во државата, изјави Ахмети, кој гласаше само за парламентарните избори.

Очекувам да имаме фер и демокртаски избори во мирна атмосфера, не како што беше пред две недели на претседателските избори кога имавме катастрофална атмосфера со закани и притисоци кон гласачите, изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи, по гласањето.

„Продолжува познатата состојба на вообичаените места, како Зајас Осломеј и Кичево, каде имаше обиди од нашиот политички опонент со групно и фамилијарно гласање да постигнат добар резултат, но ние засега успешно ги спречивме. Очекувам нова влада, нова надеж и добри работи за Мaкедонија“, рече Тачи. Зоран Заев, СДСМ.

Зоран Заев, СДСМ.



Руфи Осамни, лидерот на Националната Демократска преродба, во родоното село Чајле го реализра правото на глас на претседателските и парламентарни избори.

„Очекувам, конечно да се потврди дека Македонија има капацитет да организира фер и демократски избор, изјави Османи по гласањето, додавајќи дека доставиле до ДИК препорака да се повторат изборите во Изборната единица 7 поради низа нерегуларности.

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски очекува изборите да бидат фер и демократски и дека државата ќе покаже зрелост дека е подготвена да биде дел од европскиот дом.

„Очекувам денеска да избереме претседател и според волјата на граѓаните да го избереме новиот парламентарен состав, изјави претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски .
XS
SM
MD
LG