Достапни линкови

logo-print

Новаци рекордер во излезност на гласање


80-годишната Петра Митревска на гласање во Новаци.

80-годишната Петра Митревска на гласање во Новаци.

Пелагониската општина Новаци го собори рекордот во излезност на гласање. Според Стевче Ангелевски, претседател на Општинската изборна комисија, до 17 часот на предвремените парламентарни избори гласале 72,56 проценти од вкупниот број гласачи. За претседател на државата гласале нешто помалку, односно 71,89 проценти.

„Општината Новаци и во првиот претседателски круг беше рекордер по излезност на гласачите. Тогаш до 19 часот гласаа 73 проценти. Според досегашната излезност, на ова гласање најверојатно ќе го надминеме процентот од претходно“, изјави Ангелевски.

Новаци, како што јавува нашата дописничка Жанета Здравковска, е една од најголемите општини по територија во Македонија, но со мал број на жители. На 24 избирачки места гласаат над 3000 гласачи.
XS
SM
MD
LG