Достапни линкови

Парламентарните поинтересни од претседателските избори во шестката


Илустрација.

Илустрација.

Во шестата изборна единица и во текот на попладневните часови слична состојба како во во текот на утринските часови, поголем одѕив на гласачи за предвремените парламентарни избори, отколку за изборот на претседател.

Во Тетово до 13 часот, 14 проценти од гласачите зеле гласачко ливче за претседателските избори, додека за превремените парламентани избори се одлучиле да гласаат 24,33 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список.

Општините Боговиње и Желино, со доминантно албанско население, и понатаму имаат слаба излезност за претседателските избори и бележат околу 5 отсто интерес, додека за кандидатите за пратеници гласале 20-тина проценти од избирачите.

Најголема излезност за претседателските избори има во општините Јегуновце (20 отсто) и Брвеница (17,11 отсто). Исто така таму најмногу се гласа и за кандидатите за пратеници. Во Јегуновце до 13 часот, гласале 26 проценти од гласачите, додека во Брвеница 24 отсто од граѓаните избрале една од 12-те кандидатски листи со пратеници.
XS
SM
MD
LG