Достапни линкови

Во Куманово засега нема нерегуларности


Илустрација.

Илустрација.

На гласањето на двојните избори во Општината Куманово, според податоците од неколку различни партиски штабови, нема забележано нерегуларности или инциденти за нарушување на изборниот процес. Кај сите нив главно очекувањата до крајот на денот се дека гласањето ќе заврши мирно. Според еден партиски штаб, до 14 часот излезноста на гласачите во Куманово за избор на претседател е 29 проценти, а за кандидатите за пратеници 33 проценти.

Граѓаните на Куманово сметаат дека гласањето треба да заврши без конфликти и расправии.

Неофицијално се зборува дека наводно во близина на едно избирачко место во градот на гласачите им биле давани пари во висина од 300 денари, како и сендвичи и вода. Ова не е пријавено во Општинската изборна комисија.

Во Општините Липково и Старо Нагоричане излезноста е под очекуваното. И во тие избирачки места нема пријавено нарушувања на изборниот процес.
XS
SM
MD
LG