Достапни линкови

ВИДЕО,ФОТО: Гласањето мирно со извесни проблеми


Втор круг претседателски избори и гласање за нов состав на парламентот. Засега мирно и без поголеми проблеми, иако се евидентирани и некои неправилности.

Сите избирачки места се отворени во 7 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот. Засега изборите се одвиваат мирно и без инциденти. Евидентни се и некои проблеми, како фактот дека некои избирачи ги има во избирачкиот список за парламентарните избори, а ги нема на списокот за претседателски или обратно. Евидентен е и поголемиот одзив во однос на првиот круг од претседателските избори, но исто така и помалиот одзив и сега на гласањето во вториот круг за претседател.


Што очекуваат граѓаните од новиот претседател и од новата влада?
Посматрачите на МОСТ и на Цивил јавуваат за серија неправилности. Тие известуваат на редовни прес конференции. Од ДИК, пак, велат дека засега нема никакви проблеми.
XS
SM
MD
LG