Достапни линкови

ДИК-одзивот 27,05 за претседателските, а 30,93 за парламентарните


До 13 часот правото на глас за претседателските избори го оствариле 27,05 проценти од избирачите, додека за предвремените парламентарни избори гласале 30,93, информира попладнево Државната изборна комисија.Најголема излезеност има во Новаци, односно 53,42 проценти за претседателските и 54 проценти за предвремените парламентарни избори.

Најмалa излезеност за претседателските избори е регистрирана во Желино каде на гласање излегле 5,37 проценти од гласачите.

За парламентарните избори гледано по изборни единици најголем одѕив има во Третата изборна единица - 37,01 процент, по што следуваат Четвртата изборна единица со 34,86, Првата со 32, 12 проценти, Петата со 30,37, Втората со 29,08, додека за Шетстата изборна единица гласаче 22, 92 проценти од гласачите.
XS
SM
MD
LG