Достапни линкови

logo-print

Цивил: нерегуларностите продолжуваат, забележани гласачи од Пустец


Невладината Цивил на својата втора прес конференција соопшти дека досега добиле 153 пријави за забележани нерегуларности. Најчести се проблемите со избирачкиот список, незаконското однесување на членови на избирачките одбори, семејно и групно гласање, партиски активизам и обиди за поткуп на гласачите, како и прекршувања на изборниот молк.
Она што е типично за последните неколку часа е забележување на гласачи од Пустец, Албанија, кои доаѓаат со биометриски документи да гласат во повеќе градови, беше речено на прес конференцијата. Такви случаи забележале набљудувачите, но и граѓани од Ресен, Кичево, општините Центар, Бутел и Аеродром.
XS
SM
MD
LG