Достапни линкови

Словјанск - Мониторите од ОБСЕ прикажани на медиумите


Германскиот полковник кој е една од осумте набљудувачите на ОБСЕ кои се држат во заложништво од про-руските сили во Словјанск, изјави дека тој и другите членови на тимот се во добра здравствена состојба и не се малтретирани.Полковник Aхел Шнајдер беше изведен пред новинарите во Словјанск денеска. Тој изјави дека не биле допрени од нивните киднапери, и дека се заробени на 25 април.
Претходно самопрогласениот про-руски градоначалник на Словјанск Вјачеслав Пономарјов, го нарече тимот на ОБСЕ воени затвореници.
Пономарјов рече дека тие ќе бидат ослободени во замена за про-руските милитанти во Киев.
XS
SM
MD
LG