Достапни линкови

Словјанск-набљудувачите на ОБСЕ се воени затвореници


Самопрогласениот градоначалник на Словјанск Вјачеслав Пономарјов рече дека неговите луѓе ги држат мониторите од меѓународен тим на ОБСЕ како воени затвореници. Тој пред група на новинари изјави дека во нивниот град каде што има војна, кој било воен персонал, што нема нивна дозвола се смета за воени затвореници. Набљудувачите на ОБСЕ, четворица Германци, еден Швеѓанец, еден Полјак, еден Данец и еден Чех - беа киднапирани на 25 април. Пономарјов соопшти неколку пати дека тие ќе бидат разменети за про-руски милитанти кои се затворени од властите во Киев. Тим на ОБСЕ треба да се состане со Пономарјов во Словјанск во текот на денот.
XS
SM
MD
LG