Достапни линкови

Во некои кумановски села гласачите се превезуваат со трактори


И покрај дождливото време во Куманово до 13 часот излезноста на гласачите е околу 10 насто, од 85 илјади гласачи на 167 избирачки места од Изборната единица 2. Во Општината Липково 20 илјади 742 избирачи гласаат на 36 избирачки места, но помал е процентот на гласачите кои гласале за претседателските кандидати, во однос на кандидатите за пратеници. Во Општината Старо Нагоричане три илјади и 442 гласачи гласаат на 38 избирачки места.
Според Општинската изборна комисија во Куманово, сите избирачки места биле отворени на време, изборниот процес се одвива мирно и не се пријавени никакви нерегуларности или прекршувања на изборниот молк.
Поради мокрите локални селски патишта и калта на тој дел од електоратот му е отежнато пристигнување до избирачките места, така што мештаните од руралните средини се организираат и се превезуваат со трактори. Таков случај е забележан во селото Колитско.
XS
SM
MD
LG