Достапни линкови

Петмина британски војници загинале во хеликоптерска несреќа во Авганистан


Во хеликоптерска несреќа во Кандахар загинале пет британски војници од Меѓународните сили предводени од НАТО во Авганистан -ИСАФ.Ричард Фелтон, командант на Здружената команда соопшти дека несреќата била трагичен случај . Портпаролот на полицијата на Кандахар Зија Дурани изјави дека авионот се урнал во една област на околу 50 километри од пакистанската граница. Портпаролот на талибанците пак во соопштение наведе дека бунтовниците го собориле хеликоптерот. ИСАФ соопшти дека се испитуваат причините за несреќата,но оти нема информации за напријателска активност во таа област.
XS
SM
MD
LG