Достапни линкови

logo-print

Пожар во центар за третман од дрога во Русија, 8 загинати


Најмалку 8 лица загинале во пожарот што го зафати еден Центар за третман од дрога во Алтај Крај во Русија. Рускиот истражен комитет соопшти дека истрагата за причините е во тек, а претставник на локалната власт изјави дека објектот бил во приватна сопственост. Тој истакна дека хуманитарната организација Чисти Лист, која го отворила центарот, имала добра репутација меѓу властите и жителите на таа област.
Во несреќата уште најмалку 6 лица се повредени и хоспитализирани.
XS
SM
MD
LG