Достапни линкови

ДИК: одзивот 9,58 % за парламентарните, а 8,93 за претседателските


Излезноста на вториот круг од претседателските избори до нешто пред 11 часот е 8,93 проценти, односно од милион 779 илјади 572-јца гласачи, на гласање излегле околу 150 илјади граѓани. Ова го соопшти портпаролот на Државната изборна комисија Билјана Јовановска, врз основа на податоци добиени од околу 93 насто избирачки места.

За вонредните парламентарни избори одзивот е 9,58, односно на гласање излегле околу 160 илјади избирачи.
XS
SM
MD
LG