Достапни линкови

Обама: неопходни се нови санкции против Русија


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека новите меѓународни санкции против Русија се неопходни за да испратат порака до Москва да ја запра дестабилизацијата на ситуацијата во источна Украина. Говорејќи денеска во Малезија, тој рече дека е важно да се преземат следни чекори кои ќе испраќаат порака до Русија. Русија не мрднала со прст за да помогне од состанокот на 17 април во Женева, додаде Обама. Тој повторно истакна дека ако Русија не преземе акција за контролирање на про-руските сили во источна Украина, тогаш ќе има консеквенци и во иднина и тие ќе бидат се поголеми. Говорот на Обама доаѓа само еден ден откако земјите од Г7 најавија нови санкции против Русија.
XS
SM
MD
LG