Достапни линкови

Двајца папи ќе бидат прогласени за светци


Околу милион луѓе се очекуваат денеска на плоштадот Свети Петар во Ватикан и во околните улици во Рим, кои ќе присуствуваат на церемонијата за прогласување за светци на папата Јован 23 и папата Јован Павле 2. Двајцата папи, Јован 23, кој владееше од 1958 до 1963, го воспостави модернизираниот Втор ватикански совет и папата Јован Павле 2, кој владееше речиси 27 години и играше водечка улога на светската сцена, ќе бидат канонизирани пред насобраните луѓе околу базиликата Свети Петар.
Ватикан потврди дека поранешниот папа Бенедикт 16 ќе му помага на папата Франциско и на десетици кардинали на церемонијата.
XS
SM
MD
LG