Достапни линкови

Обама во посета на Малезија


Американскиот претседател Барак Обама ја посети Националната џамија на Малезија за да им оддаде почит на умерените муслимани во земјата, во рамките на неговото еднонеделно патување на добра волја низ Азија. Потоа Обама имаше средба со премиерот Наџиб Разак, со кого разговараше за безбедносни, разузнавачки, регионални и трговски прашања.
Американскиот претседател одржа состанок и со млади лидери од земјите во југоисточна Азија.
Обама во Куала Лумпур допатува вчера, кога беше пречекан од малезиското кралско семејство. Тој е прв претседател на САД кој ја посетил оваа земја по повеќе од 40 години.
Утре Обама ќе ја продолжи турнејата со посета на Филипини.
XS
SM
MD
LG