Достапни линкови

МОСТ со извештај за извесни неправилности


Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следи со 1.712 набљудувачи, кои ќе покријат 50% од избирачките места на територијата на Р. Македонија, односно 50% од гласачките места во рамките на секоја општина.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи. ГМ 2845 во Центар и 2446 во Сарај биле отворени со задоцнување поради технички причини, а ГМ 1147 и 1135 во Куманово биле отворени со задоцнување поради недостапност на теренот. Досега, забележано е:

- Пред Домот на културата во општина Кичево, во кој се сместени ГМ 0723 и 0727, како и пред ГМ 0724, 0725 и 0747 имало истакнато пропаганден материјал. Пропаганден материјал е забележан и пред ГМ 1687 во општина Свети Николе.

- На ГМ 0894 во општина Кочани е најдено гласачко ливче од ГМ 0893 во кочанот со гласачки ливчиња. Гласањето било прекинато и била повикана општинската изборна комисија по што ливчето било поништено. Гласањето продолжило во 08:27.

- На ГМ 2358 во општина Студеничани имало едно гласачко ливче повеќе во кочанот. Истото било фотографирано и однесено во ОИК. Гласачкото ливче било намеменето за ГМ 2357, односно било дупликат и го имало и на ГМ 2357.

- На ГМ 1782 во општина Ново Село забележани се 5 случаи на семејно гласање, при што гласале 10 лица.

- На ГМ 0103 во општина Битола, набљудувач од организацијата Излези и гласај се претставил како набљудувач на МОСТ. Со оглед на фактот дека МОСТ има свој набљудувач на тоа избирачко место, по неговата реакција ИО го завел ова во записникот од ГМ.

Во однос на гласањето на болни и немоќни лица кое беше набљудувано од страна на 72 набљудувачи на МОСТ преку работата на 89 ИО, забележани се следните нерегуларности:

- Нарушена тајност на гласањето во повеќето случаи;

- Имало повеќе гласачи кои сакале да гласаат за двата изборни процеси, но бидејќи не биле пријавени и за парламентарните избори, гласале само на претседателските избори.

- На ИМ 1577 во општина Радовиш од 16 лица кои гласале, за 14 од нив гласал некој друг.

Што се однесува пак до гласањето на лицата во затвор, кое беше набљудувано од страна на 13 набљудувачи на МОСТ, забележани се следните нерегуларности:

- Во одделението во Крива Паланка било спроведено гласање само за парламентарните избори.
XS
SM
MD
LG