Достапни линкови

Растат тензиите меѓу Русија и САД поради Украина


Тензиите меѓу Вашингтон и Москва растат поради држењето во заложништво на меѓународни посматрачи од страна на про-руски сепаратисти во источна Украина. Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера имаа телефонски разговор, но не постигнаа согласност. Кери бара од Москва да ги поддржи напорите за ослободување на посматрачите, кои се претставници на ОБСЕ.
Но Лавров побарал од Вашингтон да го употреби своето влијание да издејствува ослободување на лидерите на про-руските сепаратисти кои се приведени од властите во Киев.
Во меѓувреме, Групата 7 најразвиени економии објавија дека се согласиле за преземање нови санкции против Русија поради дестабилизацијата на Украина.
XS
SM
MD
LG