Достапни линкови

ВО ЖИВО: Претседателски и парламентарни избори

Се што се случува на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори - гласањето, евентуалните нерегуларности, реакциите и првичните резултати.

01:39 28.4.2014
Ахмети - Историска победа на ДУИ
Лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва изјави дека партијата на предвремените парламентарни избори освоила 150 илјади гласови наспроти 50.000 на ДПА, што, според него, е историска победа.
01:37 28.4.2014
ВМРО-ДПМНЕ прогласи двојна победа, СДСМ не ги признава резултатите
Имавме ефективни избори, без посериозни инциденти и проблеми, можеме да бидеме горди на тоа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. СДСМ не го признава изборниот процес, без разлика на резултатите, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
01:08 28.4.2014
Груевски - Ефективни избори, без посериозни инциденти
Македонија имаше успешни избори, мирен и демократски изборен ден, најголем победник е Македонија. Имавме ефективни избори, без посериозни инциденти и проблеми, можеме да бидеме горди на тоа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Жалам што поради личен интерес, потценувајќи ја волјата на народот, претседателот и раководството на СДСМ одлучија да работат на директна штета на Македонија, во корист на оние кои не и сакаат добро, рече тој.
00:53 28.4.2014
Иванов - Победи демократијата
На овие избори победи демократијата, победија граѓаните, победи Македонија, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател, Ѓорге Иванов. Тој изјави дека на Македонија и е потребна конструктивна опозиција, за да ги постигнува целите на граѓаните. Од утре нема победници и поразени, има работа и само работа, рече тој.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG