Достапни линкови

Бесплатна телефонска линија кај Народниот правобранител


Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска од 7 до 19 часот функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Народниот правобранител соопшти дека ќе бидат отворени сите седум канцеларии, во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

„Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и никој не смее да биде повикан на одговорност поради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела“, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.
XS
SM
MD
LG