Достапни линкови

Над 10 илјади набљудувачи ги следат изборите


За следење на вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори што се одржуваат денеска се акредитирани 10.013 домашни и 610 странски набљудувачи, како и 294 преведувачи.
Според најновите податоци објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, НВО МОСТ акредитирала 2.413 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 5.090, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 2.321, ЦИВИЛ-Центар за слобода 113, Здружение Плоштад Слобода – 33, Институтoт за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД – 28, Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите - Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.
Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 252 набљудувачи, ОБСЕ 103 набљудувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа 27, ЕУ - 27, амбасадите на САД - 37 набљудувачи, Шведска 13, Италија 12, Турција - 11 набљудувачи, Франција осум, Бугарија и Холандија по шест, Косово - пет, Словенија - четворица, Албанија, Полска, Грција, Австрија, Шпанија, Германија, Словачка и Канцеларијата на НАТО по тројца набљудувачи, Хрватска, Кина, Црна Гора, и Руска Федерација по двајца набљудувачи, Швајцарија, Катар и Србија по еден набљудувач и Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ - 31 набљудувач. Акредитирани се и 17 претставници на Централната изборна комисија на Косово, шестмина членови на косовската Комисија за изборни жалби и приговори, осум на Централната изборна комисија на Албанија и тројца на Централната изборна комисија на Грузија.
За следење на денешните избори акредитирани се 42 странски новинари од повеќе балкански и странски медиуми.
XS
SM
MD
LG