Достапни линкови

Градоначалникот Дамјановски на разговор во полицијата во Куманово


Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски вечерва беше на разговор во Полициската станица, поради тоа што општинското службено возило било управувано од лице кое за тоа немало овластување. По разговорот, градоначалникот во присуство на началникот на СВР Куманово Моме Јакимовски излезе од станицата, додека пред зградата беа собрани стотина граѓани.

Градоначалникот Дамјановски изјави дека службеното возило било излепено со самолепливи плакати на една политичка партија, поради што тој ги дал клучевите на некој од помошниот персонал да го однесе на сервис за миење. Возилото, во кое имало неколку лица, било запрено од полицијата, пребарано и задржано, а лицата биле испратени на разговор во Полициската станица.

-Бидејќи возилото е под моја одговорност бев повикан на разговор во Полициската станица. Инаку, во возилото било направено пребарување без налог, но не е најден никаков пропаганден материјал, туку само насоки за правна процедура на месните штабови во изборниот процес, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Началникот на СВР Куманово Моме Јакимовски во својата телефонска изјава наведува дека возилото било запрено при рутинска контрола, а по завршувањето на разговорот со градоначалникот со посредство на службено лице порача дека нема што да изјави.

По излегувањето на градоначалникот од станицат,а насобраните граѓани се разотидоа.
XS
SM
MD
LG