Достапни линкови

logo-print

Романскиот премиер подготвен да се кандидира за претседател


Претседателот на романската Социјалдемократска партија, премиерот Виктор Понта рече дека доколку неговите колеги од предизборниот сојуз Социјлдемократска партија - Национален сојуз за прогрес на Романија - Конзервативна партија сметаат дека тој е соодветен кандидат, тогаш ќе се кандидира на претседателските избори во ноември. - Во 2004 година се борев со сите сили Трајан Басеску да не стане претседател на Романија, бидејќи сметам дека еден вистински претседател треба да обединува, а не да разединува, да не прави горди, а не да не засрамува, изјави лидерот на социјалдемократите. - Сметам дека заедно со вас ќе го пронајдеме тој претседател и ќе го поддржиме за да ги направи сите тие работи, кои Романците ги очекуваат. Ќе бидам, како и во 2004 и 2009 година во првите редови на таа битка и овој пат верувам дека ќе победиме. Доколку сметате дека тоа треба да бидам јас, се разбира дека ќе се кандидирам, истакна Понта на отварањето на предизборната кампања на владејачкиот сојуз за европарламентарните избори
XS
SM
MD
LG