Достапни линкови

Обама на средби со малезискиот крал и премиерот


Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Малезија на економски и безбедносни разговори. Обама бил однесен од аеродромот на одделни средби со малезиското кралското семејство и премиерот Наџиб Разак. Дводневната посета на Обама, прва од страна на еден американски претседател во Малезија од 1966 година, е последниот дел од неговата еднонеделна турнеа низ Азија. Обама пристигна од Јужна Кореја, каде што рече дека САД ќе употребат воена сила ако е потребно да ги брани своите сојузници во Азија.
XS
SM
MD
LG