Достапни линкови

Русија не одлучила дали ќе ги признае резултатите од претседалските избори во Украина



Рускиот амбасадор во Обединетите нации рече дека Москва се уште не одлучила дали ќе ги признае резултатите од претседателските избори во Украина што треба да се одржат на 25 мај..
Виталиј Чуркин изјави за весникот "Комсомолскаја правда" во интервјуто објавено денеска дека руските власти " ќе набљудуваат како тие ќе се одвиваат."
Тој рече дека ако "пукаaт тенкови", признавање на изборите како легитимни ќе биде "апсурдно".
Чуркин, исто така, рече дека е можно изборите да не се одржат, иако тој не кажа зошто.
Западните влади ја критикуваа Москва дека не прави ништо за про-руските сепаратисти да ги напуштат окупираните згради во источна Украина - потег што Русија вети дека ќе го преземе како дел од женевскиот договор минатата недела.
Но, Чуркин изјави за "Комсомолскаја правда" дека украинската влада "мора да го направи првиот чекор."
Тој рече дека Владата на Украина треба да ги разоружа националистичките групи и да ги повика да ја напуштат зградата на владата во Киев.
XS
SM
MD
LG