Достапни линкови

logo-print

Претставници на дипломатскиот кор повикаа на фер, мирни и слободни избори


Амбасадорите на Германија, Велика Британија и Швајцарија, Гудрун Штајнакер, Кристофер Ивон и Стефано Лазарото, денеска на прес-конференција на Граѓанската асоцијација МОСТ повикаа на фер, мирни и слободни избори на вториот круг претседателски и предвремените парламентарни избори.Амбасадорката Штајнакер на македонски и на албански јазик повика утре граѓаните да излезат на гласање и да го искористат правото загарантирано со Уставот да гласаат за избор на Претседател и на Влада на РМ.
Вашата одлука донесете ја слободно и независно. Не дозволувајте ниту поединци, ниту некоја организација да влијае врз донесувањето на вашата одлука. Вашата иднина е ставена на коцка и вашата одлука решава за иднината на вашата земја, рече амбасадорката на Германија.
Британскиот амбасадор Ивон укажа дека меѓународната оценка за спроведените избори е од суштинско значење за Македонија како земја-кандидат за членство во Европската унијa, подвлекувајќи дека е важна и одговорноста во постизборниот период и почитување на институциите на дражавата.
И швајцарскиот амбасадор Лазарото апелираше да се искористи правото на гласање и тоа да им биде задоволство на граѓаните. Потребен е и цврст политички дијалог во постизборниот период, рече Лазарото.
Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов соопшти дека МОСТ ќе покрие 50 проценти од вкупниот број избирачки места, односно на секое второ место ќе има набљудувач. МОСТ има бесплатна телефонска линија за пријавување неправилности: 080 080 080.
XS
SM
MD
LG