Достапни линкови

САД: руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Украина


Руски воени авиони во изминатите 24 часа повеќе пати го нарушија украинскиот воздушен простор, изјави портпаролот на Пентагон, полковник Стивен Ворен. Можам да потврдам дека неколку пати во последните 24 часа руски авиони навлегоа во воздушниот простор на Украина, посочи полковник Ворен. Тој не наведе детали каде се случиле инцидентите ниту за кој тип на руски авиони станува збор.
САД ја информираше Русија дека американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел би сакал да зборуваат со рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу, но до сега нема одговор. Русија моментално спроведува воени вежби долж границата со Украина, што Хејгел го опиша како "опасно дестабилизирачки."
XS
SM
MD
LG