Достапни линкови

Меркел - Можби ќе требаат нови санкции против Русија


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека му рекла на рускиот претседател Владимир Путин оти можби ќе бидат неопходни дополнителни санкции против Русија поради тоа што Москва не направила доволно за имплементација на женевскиот договор за намалување на тензиите во Украина. По средбата со полскиот премиер Доналд Таск во Берлин, Меркел рече дека Русија има моќ да ги убеди проруските сепаратисти да ги напуштат административните згради што ги зазедоа во источна Украина. Сепак, таа додаде дека недостигаат напори на Москва да ги доведе сепаратистите на „мирен пат“. Се очекува Меркел да разговара за дополнителни санкции против Русија на за денеска договорената конференциска врска со британскиот премиер Дејвид Камерон, францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и американскиот претседател Барак Обама, кој претходно рече дека планира со европските лидери да разговара за можноста од „секторски санкции“ против Русија што може да се насочат кон банкарството и енергетиката.
XS
SM
MD
LG