Достапни линкови

Јужна Кореја испратила погрешни тела на семејствата на загинатите


Јужнокрејската влада призна дека некои од телата на жртвите од потонувањето на фериботот на 16 април биле погрешно идентификувани. Владините сили за итни операции денеска објавија акционен план за спречување таквите грешки да се повторат. Претходно, јужнокорејските медиуми објавија дека до семејствата на починатите биле испратени погрешни тела, грешка која некогаш била приметена дури кога останките биле однесени во капела. Според новиот план, останките ќе им бидат предадени на семејствата, само по идентификација преку отпечатоци, стоматолошките податоци или ДНК анализа. Нуркачите открија 183 тела, но 119 луѓе сè уште се водат како исчезнати и се смета дека нивните тела се заробени во некои од просториите на потонатиот ферибот. Повеќе од 80 отсто од загинатите и исчезнати се средношколци од градот Ансан јужно од Сеул.
XS
SM
MD
LG