Достапни линкови

Русија - Лага е дека сириските сили користеле отровни хемикалии


Илустрација.

Илустрација.

Русија соопшти дека се лажни новите обвинувања дека владините сили во Сирија користеле отровни хемикалии против бунтовниците. Руското Министерство за надворешни работи ги обвини поддржувачите на бунтовниците за ширење такви гласини за да предизвикаат странска воена интервенција во Сирија. Франција и САД неодамна ги обвинија силите на претседателот Башар ал-Асад дека можеби користеле хлор гас во нападите врз бунтовничките области овој месец. Имаше повици за меѓународна истрага. Русија, која е сојузник на сириската влада, претходно застана во одбрана на владините сили по обвинувањата дека употребиле сарин во нападот во август при што беа убиени стотици луѓе. Москва и сириската влада тврдеа дека зад нападот стојат бунтовниците. Откако САД се заканија со воздушни напади поради инцидентот, Русија предложи договор според кој сириската влада треба да ги предаде сите материјали за хемиско оружје за да бидат уништени.
XS
SM
MD
LG