Достапни линкови

ФФМ поднесе кандидатура за организација на ЕУРО 2020


Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално ја поднесе кандидатурата за организација на Европското фудбалско првенство 2020 година. Како што соопшти ФФМ, континенталниот шампионат во 2020 година, кога УЕФА одбележува 60 години од првото Европско првенство, ќе го организираат 13 градови од стариот континент, а Скопје и Националната арена „Филип Втори“ е еден од потенцијалните домаќини на натпревари од групната фаза за ЕП 2020. Одлуката на Европската фудбалска асоцијација кои 13 градови и стадиони ќе бидат домаќини на ЕП 2020, како што се наведува, треба да биде објавена во септември во Истанбул. Во периодот од мај до август годинава, пак, можно е УЕФА да ги посети градовите кандидати за да утврди каква е моменталната ситуација во нив и кои се плановите за инфраструктурно подобрување.
XS
SM
MD
LG