Достапни линкови

Русија ненадејно ги зголеми каматните стапки


Руската централна банка.

Руската централна банка.

Руската централна банка ненадејно ги зголеми каматните стапки од 7 на 7,5 отсто во обид да ја спречи инфлацијата. Овој потег доаѓа откако меѓународната рејтинг агенција Стандард енд пурс денеска го намали кредитниот рејтинг на Русија на БББ- и ја задржа оценката за негативна песпектива. Според агенцијата, има зголемен ризик за одлив на капиталот поради украинската криза. Се наведува дека во првите три месеци од годинава од Русија се одлеале 50,6 милијарди долари. Централната банка исто така соопшти дека инфлацијата овој месец се зголемила на 7,2 проценти, наспроти 6,4 отсто колку што беше минатиот месец. Рубљата исто така падна во однос на еврото и на доларот.
XS
SM
MD
LG