Достапни линкови

logo-print

Обама - Северна Кореја нема да добие ниешто со заканите


Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека Северна Кореја нема да добие ниешто со заканите. Тој ова го кажа во Јужна Кореја, каде што е во посета во рамки на неговата турнеја низ Азија. Обама рече дека Пјонгјанг е закана за регионот и за САД и додаде дека можеби е време за построги санции кон Северна Кореја. Според него, охрабрувачки е што Кина исто така препознава потенцијална закана во Пјонгјанг.

Посетата на Обама на Сеул доаѓа доаѓа во време на зголемени тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја. Пред неколку денови јужнокорејски претставници изјавија дека веруваат оти Пјонгјанг може да спроведе тест за нуклеарно оружје во секој момент.
XS
SM
MD
LG