Достапни линкови

Меркел разочарана од руските постапки во врска со Украина


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролката на германската влада изјави дека канцеларката Ангела Меркел верува оти руските постапки во врска со минатонеделниот договор за Украина потпишан во Женева се „апсолутно разочарувачки“. Таа рече дека Меркел му ја пренела својата „голема загриженост“ на рускиот претседател во денешниот телефонски разговор.

Женевскиот договор за намалување на тензиите во Украина беше потпишан на 17 април од министрите за надворешни работи на Русија, Украина, САД и ЕУ, но досега се спроведени само дел од договоритените мерки.

Американскиот претседател Барак Обама, кој е во посета на Јужна Кореја, изјави дека денеска ќе се консултира со клучните европски лидери за кризата во Украина и за можни дополнителни санкции против Русија.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе вчера во Прага изјави дека најдобар начин Русија да помогне за намалување на тензиите во Украина е да ги повлече своите 40 илјади војници кои ги распореди во близина на украинската граница.
XS
SM
MD
LG