Достапни линкови

Лични карти може да се подигнуваат и в недела


Управните служби на МВР ќе работат и во текот на викендот, односно в сабота (26 април) низ цела држава ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата за лична карта од 08:30 до 16:30 часот.

Граѓаните кои ќе аплицираат в сабота или кои аплицирале претходниве денови, ќе може личните документи да ги подигаат и в недела (27 април), бидејќи на изборниот ден ќе работат сите управни служби од 7 до 19 часот, но само за издавање документи.

„Сите граѓани кои од кои било причини во овој период останале без лични документи, а ги има на избирачкиот список и сакаат да го остварат своето избирачко право, ќе може да извадат документи за да им биде овозможено гласањето“, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG