Достапни линкови

Тензии пред изборниот ден, но и потоа


По низата обвинувања на релација власт-опозиција, во прашање се доведе безбедноста на изборниот ден. Упатените велат дека гласањето ќе помине мирно, но после објавувањето на резултатите можно е атмосферата да се затегне.

Низа обвинувања разменија партиите пред одржувањето на вториот круг од претседателските и гласањето за парламентарните избори. Власта ја обвини опозицијата дека подготвува инциденти и непризнавање на резултатите. Опозицијата, пак, дека власта врши притисок врз граѓаните и администрацијата. Прашањето кое се поставува е дали гласањето ќе помине во мирна атмосфера.
Значи не само денот на изборите, туку сведоци сме дека целиот изборен процес е систематска кражба на гласови. Изминатиот период од 8 години видовме дека ВМРО-ДПМНЕ за сите нивни неуспеси, за сите нивни потфрлувања ја обвинува има опозицијата или некој друг.
Маринела Тушева Маричиќ, СДСМ.


Портпаролката на СДСМ за изборите, Маринела Тушева Маричиќ вели дека тоа се сценарија на ВМРО-ДПМНЕ и партијата е таа која што прави малверзации и нерегуларности во континуитет.

„Значи не само денот на изборите, туку сведоци сме дека целиот изборен процес е систематска кражба на гласови. Изминатиот период од 8 години видовме дека ВМРО-ДПМНЕ за сите нивни неуспеси, за сите нивни потфрлувања ја обвинува има опозицијата или некој друг“, вели Тушева Маричиќ.


Универзитетскиот професор и поранешен разузнавач Владимир Пивоваров вели дека сето она што се случуваше за време на првиот круг од претседателските избори и појавата на некои дејанија по гласањето за кои институциите не реагираа упатува на тоа дека се можни други нерегуларности на вториот круг.
Реагирааат тие што сметаат дека таквите дејствија не се во ред бидејќи немаат можност преку институциите да ја побараат својата вистина за она што го укажуваат.
Владимир Пивоваров, универзитетски професор.


„Ако правиме анализа на политичките лидери, на партиите кои учествуваат во изборниот процес, очигледно е дека доколку се случат повторно таквите пропусти кои се случуваа во првиот круг на претседателските избори тие ќе реагираат на секој начин, меѓутоа со демократски предзнак, односно ќе реагирааат тие што сметаат дека таквите дејствија не се во ред бидејќи немаат можност преку институциите да ја побараат својата вистина за она што го укажуваат“, вели Пивоваров.

Политичкиот аналитичар Алајдин Демири вели дека ако се направи анализа на изборната кампања ќе се види дека политичките партии се бавеа со уцени, а не со понуда.

„Оваа кампања сама по себе се затегнува и веќе се насетува дека изборниот ден ќе помине нормално, затоа што доста од неправилности кои се регистрирани се обработуваат сега, но кризно ќе биде после изборите, после резултатите кои би можеле да донесат немири, односно да доведат до непризнавање на изборните резултати“, вели Демири.

Доколку има нерегуларности на изборите, Тушева Маричиќ вели дека има надлежни органи кои треба да преземат мерки.

„Опозицијата секако ќе делува во рамките на своите можности“, вели таа.

Според Пивоваров, нерегуларностите секогаш им одговараат на оние кои ги спроведуваат изборите и потребен е некој нов модел, затоа што владее голема недоверба во процесот. Демири порачува дека инстиуциите затајуваат и правдата по се изгледа е под контрола на власта и не се преземаат никакви мерки за олеснување на изборите.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG