Достапни линкови

logo-print

Јатсенијук - Русија ќе предизвика Трета Светска Војна


Украинскиот премиер Арсениј Јатсенијук ја обвини Русија дека со активноститево Украина се обидува да започне трета светска војна.

„Русија има за цел да ја окупира Украина "воено и политички" и да предизвика војна во Украина што ќе доведе до воен конфликт во Европа".

Неговите коментари пренесувани во живо доаѓаат по изјавата на министерот за одбрана Микаил Ковал, кој рече дека руските трупи се наоѓаат на еден километар од границата на Украина.

Русија се најде под меѓународна критика за концентрацијата на околу 40.000 војници по должината на украинската граница додека про-руските сепаратисти продолжуваат да со окупацијата на владините згради во десетина источни украински градови.

Москва тврди дека спроведува воените вежби.
XS
SM
MD
LG