Достапни линкови

Нема да молчиме ни по изборите во Македонија


Првиот човек на Репортери без граници во Германија, Мир за Дojче Вeле вели - од новиот претседател на Македонија се бара почитување на независното информирање. За проблемите во информирањето нема да се молчи ниту по изборите.

„Пред предвремените парламентарни и пред вториот круг за избор на претседател ги повторуваме нашите барања за почитување на слободата на информирање, зашто изминативе години бевме сведоци на повеќе напади врз неа. Го имавме случајот Кежаровски, кој стана познат зашто станува збор за клеветење и кривично гонење на еден новинар. Од новиот претседател, без разлика дали ќе биде досегашниот или друг, бараме да се погрижи и на повисоко ниво да ја сочува слободата на информирањето, зашто станува збор за значајно добро и досегашните ограничувања треба да се повлечат“,

вели за Дојче веле Кристијан Мир раководител на германската секција на Репортери без граница.
XS
SM
MD
LG